Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пристигнаа 3 000 дози од руската вакцина „Спутник В“, продолжува процесот на имунизација
Во Фокусот

Пристигнаа 3 000 дози од руската вакцина „Спутник В“, продолжува процесот на имунизација

март 7, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Пристигна првата пратка на руската вакцина „Спутник В“ во нашата земја. Ова е прва количина од 3000 дози, со тоа што ќе се обезбеди континуитет на процесот на имунизација што веќе започна во земјава“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по приемот на пратката на меѓународниот аеродром во Скопје.

Министерот посочи дека и во текот на следните денови ќе ја продолжат интензивната комуникација со цел да разговараат и да се организира и динамиката на доаѓањето на следните количини.

Тој изјави дека вкупно нарачани се 200 илјади дози.

Вакцината е замрзнат раствор од 0,5 милилитри, за еден корисник, а ќе се чува во фржидерите во пунктот во „Јане Сандански“. Пратката е преземена преку службата на ДХЛ од Москва во Белград каде стигнале и одредени количини за Србија, заедно со овие 3000 за нас.

„Станува збор за вакцини кои што се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинација, што значи дека сите овие дози ќе се користат за прва вакцина. Продложува процесот на имузација во доменот на здравствените работници и според индикацијата и на граѓани и онака како што е предвидено во националниот план за вакцинација“, рече Филипче.

Тој изрази благодарност до амбасадорот на Руската Федерација во Северна Република Македонија, Сергеј Баздникин, за неговиот личен ангажман овие количини во земјава да пристигнат што побрзо.

Амбасадорот Бездникин кој исто така денеска присуствуваше на приемот на оваа прва пратка вакцини рече дека е убеден оти ова ќе биде од голема важност за спасување на човечките животи, но и враќање на македонската економија во траекторијата на раст.

„Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции на пријателство и споделуваме заеднички вредности. Имаме многу конструктивна соработка со Владата на РСМ и сме спремни да ја прошируваме врз нови области на основа на еднаквост и взаемно почитување на интереси“, рече амбасадорот.

Според Бездникин, добро се знае дека Спутник е првата регистрирана вакцина против Ковид-19 во светот. Тој рече дека вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега станува со право светски „бестселер“.

„Со Северна Македонија вакцината е регистрирана во 46 земји во светот
вклучувајќи неколку држави во Европската Унија. Сега е во тек забрзана
постапка во Европска агенција за лекови за да ја испитува делотворноста
на вакцината врз основа на резултати од досегашните лабораториски
испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за Спутник да
се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО, да се користат за во
вонредни ситуации“, додаде амбасадорот.

Тој им посака на сите добро здравје, а на храбрите македонски лекари и медицинскиот персонал им посака брза победа во борба против пандемија во која, како што посочи, оваа руска вакцина ќе биде вредно оружје.

 

„Спутник В“ актуелно имунизација руска вакцина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.