Британците се соочуваат со досега втората по големина бура керолајн, со брзина на ветерот од 140 килетри на час, која донесе исклучително ниски температури и снег.
Се очекува дека оваа бура ќе се придвижи кон исток и дека ќе влезе и во Франција, каде што веќе се издадени предупредувања.
Во Шкотска наврнаа осум сантиметри снег, а бурата зафати и делови во Северна Ирска, Велс и северна Англија.
Брзината на ветерот која го донесе бурата од Арктикот креираше арктички проток на воздухот поради што температурите се спуштаа под нулата.







