Германскиот производител на луксузни автомобили „Мерцедес“ ќе повлече повеќе од 140.000 возила во Соединетите Американски Држави поради проблеми со пумпата за гориво.
Според американската Национална агенција за безбедност на сообраќајот на патиштата, проблеми се регистрирани кај 143.551 возила произведени помеѓу 2021 и 2023 година, објави во петокот регулаторното тело во Вашингтон.
Неисправни пумпи за гориво се вградени моделите „Ц“, „Е“, „С-Класа“, како и СУВ типовите „ГЛЦ“, „ГЛЕ“ и „ГЛС“.
Наведени се и теренци од Г-класа. Продавачите бесплатно би ја замениле пумпата за гориво, соопштија од Агенцијата. Неисправноста на пумпата може да го зголеми ризикот од несреќи, според регулаторот.







