Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Провери па купи“ – платформа креирана од студенти за намалување на сивата економија
Економија

„Провери па купи“ – платформа креирана од студенти за намалување на сивата економија

декември 6, 2021Updated:декември 6, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– „Провери па купи“ (www.proveripakupi.mk) е веб-платформа која им овозможува на
потрошувачите безбедно да купуваат преку интернет и е во функција од пред неполн месец. Купувачот кој сака да плати за производ или услуга онлајн, на платформата може да ги провери податоците на е-трговецот (фирмата) од земјава за да се осигури дека тој е регистриран и веродостоен.

Платформата е изум на четири студентки на четврта година – Стефанија Цветковска, Симона Милошеска и Ана Матеска од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ и Христина Петковска од Економскиот факултет.

Креативното решение на нивниот тим беше меѓу победничките три од десетте што учествуваа на студентскиот онлајн-хакатон во мај годинава – Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“. Добија награда од 1.000 евра за да го имплементираат нивното решение.

Хакатонот го организираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) со цел студенти да смислат решение кое ќе помогне да се намали сивата економија во е-трговијата.

Ана Матеска од ФИНКИ за МИА вели дека платформата е нешто ново што им овозможува на физичките лица лесно да ги проверат е-трговците зашто на едно место се собрани сите. Може да ги пребаруваат со впишување име или по категории.

-Целта на решението што го развивме, веб-платформата наречена „Провери па купи“, е на едно место да бидат собрани сите е-трговци и доколку физичко лице сака да купи нешто онлајн да може на едноставен начин прво да провери дали тој трговец е регистриран и доколку е, да биде сигурен дека е веродостоен и дека се заштитени неговите права на потрошувач, рече Матеска, појаснувајќи го функционирањето на овој нивни непрофитен проект.

Купувањето на тој начин, вели таа, станува безбедно и доверливо, а корисниците на платформата учествуваат во сузбивање на сивата економија во е-трговијата – незаконска економска активност со негативен ефект врз целото општество која го намалува и квалитетот на живот.

-Цел на платформата е да се допре и до нерегистрираните трговци и да се мотивираат да се регистрираат за да бидат ценети од страна на клиентите и препознати како доверливи трговци, додава Матеска.

Платформата е активна и веќе се употребува, а за нејзината функционалност соработуваат со АЕТМ од чиј регистар на е-трговци, објавен во склоп на веб-платформата ecommerce4all.mk – се преземаат податоците за регистрирани е-трговци кои имаат имплементирано еплаќања.

економија платформа провери па купи студенти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0

септември 25, 2026

Муакетов на 25. Конференција на Македонската берза: Мал пазар голема можност

септември 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.