Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Прогласена епидемија на морбили – невакцинираните деца нема да бидат примани во градинка
Во Фокусот

Прогласена епидемија на морбили – невакцинираните деца нема да бидат примани во градинка

јануари 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили или мала сипаница на подрачјето на Град Скопје, откако претходно биле регистрирани 12 нови лица заразени од оваа болест. Сите 12 новозаразени лица не биле вакцинирани, станува збор за деца на возраст од осуммесечна возраст, но и возрасни со 32 и  47 години.

Од 12-те нови случаи, шест се потврдени, а другите шест имаат типична клиничка слика. За нив од Министерството дополнителни информации најавија за утре.

Како дел од мерките што денеска на прес-конференција ги најави министерот за здравство Венко Филипче, се задолжителната вакцинација на невакцинирани деца со МРП, како и дека од утре стапува на сила забрана за носење невакцинирани деца во градинките.

„Работата ја имамаме под контрола. Се прават увиди во сите вакцинални пунктови на невакцинираните деца, иако тоа го почнавме пред две недели, за жал од вкупно 15.000 невакцинирани деца со повиците од вакциналните пунктови само 310 се вакцинирале што е исклчително мала бројка, изјави Филипче.

Билјана Данаиловска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Скопје информира дека практично ако го сумираме бројот на заболени во текот на изминатиов месец од 19.12.2018 година кога се појави епидемија на локално ниво во населба Радишани досега имаме регистрирани 19 случаи, од кои 13 се докажани и шест сомнителни за кои чекаме лабораториско потврдување во текот на утрешниот ден.

„Како една од најважните против епидемиски мерки е вакцинацијата на невакцинираните лица, деца, возрасни и некомплетно невакцинираните и со прогласувањето на епидемија практично се проширува возрасната граница на вакцинација не од 12 месечна возраст, туку од шест месеци, односно девет месеци па се до 45 години, рече Данаиловска.

Таа додадае дека од потвредените случаи во Скопје имаат регистрирано три случаи во општина Бутел, и по еден случај во општинините Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром, додека од сомнителните случаи два во општина Аеродром и по еден случај во општините Бутел, Центар и Ѓорче Петров.

Доктор Жарко Караџоски од Институт за јавно здравје  истакна дека не може да се очекува да се има добар опфат ако имаме во народот анти-вакцинална кампања од лица што се некомпетентни, нестручни кои пропагираат некаква замисла дека детето треба да прооди и да прозбори па дури тогаш да се вакцинира, што е, како што рече, медицински неоправдано.

Доктор Караџоски информира дека родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца ќе бидат казнети од 350 до 650 евра.

Доктор Сања Петрушевска Маринковиќ од Инфективната клиника рече дека во моментот во нивната клиника имаат хоспитализирани осум пациенти со јасна клиничка слика на морбили, шест од нив се потврдени, додека кај двајца чекаат лабораториско потврдување. Таа наведе дека сите пациенти се со компликација, а најголем дел од нив се со бронхопневмонија како најчеста компликација.

актуелно епидемија морбили невакцинираани
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.