Рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип е продолжен до септември идната година, со денешното потпишување на анекс на договорот меѓу владата и кинеската фирма Синохидро.
Претходно владата и Синохидро постигнаа компромисен договор да не плаќаат пенали за навреме нереализираниот проект, поради промашувања во проектната документација, а беа направени и законски измени.
Првично, Синохидро автопатот до Штип требаше да го изгради до мај годинава.







