Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Продолжуваат разговорите со Бугарија за струјата, Бектеши оптимист дека ќе се постигне договор
Економија

Продолжуваат разговорите со Бугарија за струјата, Бектеши оптимист дека ќе се постигне договор

септември 20, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска треба да одржи уште еден онлајн состанок со својот бугарски колега околу цената за набавка на струјата, а в четврток со директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски и со директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи ќе ја посети Турција каде, како што најави, во фокусот ќе биде енергетиката.

Бектеши е оптимист дека со Бугарија ќе се постигне договор и за тоа, како што рече, гледа добра волја. Во однос на разговорите со Турција, пак, ако има нешто конкретно, ќе информира кога ќе се врати.

„Разговорите за цената за набавка на струја од Бугарија не се завршени. Гледам добра волја за постигнување договор што ќе биде во корист на двете земји. Зборуваме за технички работи, за заеднички да се справиме со енергетската криза. Политикантството е оставено на страна. В четврток заминуваме за Турција. Ќе се разговара главно во секторот енергетика. Дали ќе има нешто конкретно, ќе информираме откако ќе се вратиме, изјави Бектеши по вчерашната средба во ИВЗ.

Северна Македонија, нагласи министерот, никогаш не побарала да плати електрична енергија по цена на берзата.

-Веќе имаме договор со Грција, со Бугарија, со Србија и со Косово да нема застој во делот на пограничните капацитети што значи дека берзите се отворени и такви шпекулации во однос на тоа дека ќе има намалување за 15, 20, 30 отсто од берзанската цена се невистини. Разговарав со Стопанската комора, ние ги знаеме нивните очекувања и преговорите ги водиме согласно очекувањата на компаниите што се на слободен пазар и во делот на количините и во делот на цената. Што се однесува на тоа што е проблемот и зошто досега немаме договор со Бугарија веќе се најавени одредени мерки од страна на Европската комисија, што треба да ги реализира и Бугарија како членка на ЕУ. Чекаме кои ќе бидат мерките усогласени целосно со Европската комисија, со цел нашиот потенцијален договор да не се коси со такви мерки, рече Бектеши.

Тој потсети на најавата од Европската комисија дека може да има замрзнување на цената на електрична енергија од 180 евра и порача, алудирајќи на опозицијата, да не се креира паника и да не се лиферуваат погрешни информации.

„Кој би потпишал договор од страна на Владата кога самата Европска комисија може да донесе одлука за замрзнување на цената на електрична енергија од 180 евра? Далеку се пониски цените што ги бараме ние и тоа што е пренесено во јавноста. Ако се донесе да нема поголема цена од 180 евра во наредниот период во делот на електрична енергија во рамки на ЕУ, како може цената да биде 400 евра која би можеле ние да ја договараме? Тоа е вон логика. Имаше такви најави претходната недела, имаше такви предлози од страна на Фон дер Лајен и секако ние ги следиме тие случувања и ќе бидеме дел на тие мерки што ќе ги носи Европската комисија. Тоа е многу важно да се наведе, а дополнително на тоа ние ги знаеме очекувањата на нашето стопанство што е на слободен пазар, истакна Бектеши.

Министерот информира и дека нема најава за забрана за протокот на природен гас во земјава. Трговците, напомена, редовно ги снабдуваат индустриските капацитети со гас.

„Немам информација дека е запрен гасот за Северна Македонија. Имаме трговци кои редовно ги снабдуваат индустриските капацитети и другите потрошувачи со гас. Немаме никаква најава за забрана за проток на природен гас од интерконекторот што го имаме со Република Бугарија, рече Бектеши.

На прашањето дали ќе се склучи договор со „Макпетрол“ за набавка на природен гас, одговори дека за тоа треба да одлучи ЕСМ.

На 5 септември премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Северна Македонија. Со Грција, пак, неодамна е договорено Северна Македонија непречено да се снабдува со лигнит, јаглен и мазут.

Поддршка за штедење струја од верските заедници

Министерот Бектеши вчера побара поддршка од верските заедници за штедење струја. Имаше средба со поглаварот на Исламската верска заедница (ИЗВ), реис от Шаќир Фетаху, а неделава се очекува да има состанок и со МПЦ. Секоја порака што ќе излезе од страна на ИВЗ и МПЦ кон верниците за заштеда на струја, ќе биде голема поддршка, нагласи министерот, доидавајќи дека целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат поголеми количини електрична енергија за индустријата.

 

актуелно бектеши бугарија разговори струја
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.