Според извештаите на израелските медиуми, израелската војска ја презела контролата врз целиот Појас Газа долж границата со Египет.
Израелски трупи се стационирани во поголемиот дел од подрачјето познато како Филаделфиски корисор, 14 километри долго подрачје покрај границата со Египет и Појасот Газа, објавија неколку медиуми во вчера вечерта, повикувајќи се на војската.
Во извештаите се наведува дека во областа има дваесетина тунели кои водат кон Египет.
Хамас, меѓу другото, ги користел тунелите за шверц на оружје во Појасот Газа. Некои од тунелите наводно се уништени.
Наводно, на цел тој простор има вкупно 82 тунели.
Израелската војска, исто така, соопшти дека открила десетици ракетни фрлачи на Хамас долж Филаделфискиот коридор.
На почетокот на мај израелските трупи почнаа да напредуваат во делови од градот Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа. Тие го зазедоа единствениот граничен премин кон Египет на палестинска страна.
Израелските напади на Рафах беа жестоко критикувани од меѓународната заедница, затоа што во градот живеат стотици илјади внатрешно раселени Палестинци.
(Фото: Џек Гуез / АФП)







