Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Продолжува трендот на помал број новозаразени и починати, зголемен број оздравени со Ковид-19
Во Фокусот

Продолжува трендот на помал број новозаразени и починати, зголемен број оздравени со Ковид-19

август 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за здравство информира дека R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување, кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1.

„Продолжува и трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица, во однос на претходната недела, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денеска за периодот од 27 јули до 2 август“, велат од Министерството за здравство.

ИЈЗ известува дека во дадениот период се направени вкупно 9.709 тестирања (146 повеќе од периодот 20 – 26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 4,6 отсто помалку од претходната недела.

„Во периодот на известување, благо намалување има и во процентот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 9,4 проценти (претходната недела 10 отсто од тестираните беа позитивни). Новозаболени се регистрирани во 28 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (27,9 отсто – бележи благо намалување три недели по ред), во Штип (12,2 проценти) и во Гостивар (11,2 отсто). Во 19 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20“, информираат од Министерството.

Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период, најголем процент се лица над 60 години–22,9 проценти, а поголем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30-39 години–19,4 отсто.

Во возрасната група 40-49 години се 17,9 проценти од новозаболените, а во групата 50-59 години–17,8 отсто.

Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години–3,1 проценти и 10-19 години 5,0 отсто.

„Од случаите кои се епидемиолошки истражени се хоспитализирани 136 лица или 15,7 проценти, а кај 277 лица или кај 32,2 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети. Од вкупниот број епидемиолошки истражени новозаболени 38,1 отсто имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (исто како и претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена“, велат од Министерството за здравство.

Во периодот 27 јули – 2 август се регистрирани 1.032 оздравени лица,
кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 378 лица
или 36,6 отсто повеќе од претходната недела на известување (20 26 јули).

„Во периодот 27 јули до 2 август се регистрирани 29 смртни случаи, што е намалување од 14,7 проценти, во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се лица над 60 години – 75,9 отсто. Во болнички услови се починати 24 од случаите, а пет вонболнички. Кај 23 од смртните случаи (79,3 отсто) се регистрирани претходни коморбидитети“, соопштуваат од Министерството.

актуелно Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.