Црвениот крст на Република Македонија денеска организираше прв иницијален состанок за Проектот „Креирање на можности за нови вработувања на жената“, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4), финансиран од Европската Унија.
Проектот се имплементира во партнерство со Здружението Хуманост, Скопје и Австрискиот Црвен крст.
На состанокот беа претставени целите на проектот, врз основа на кои ќе се имплементираат активности во текот на 2017 година на територија на град Скопје.






