Во рамките на проектот „Мисли, изрази се, информирај се!” спроведуван од страна на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС), а поддржан од Агенцијата за спорт и млади, денеска ќе биде промовиран прирачник под наслов „Слобода на
изразување и онлајн медиуми“.
Прирачникот ја анализира слободатата на изразување како право наспроти проблематиката – регулација на онлајн медиуми и европските препораки за тоа. Наменет е за студенти, но и за широка јавност.
Проектот е посветен на младинското информирање и афирмација на еврoпските вредности во оваа сфера кај нас. Медиумски партнер на проектот е студенското радио Студент FM 92,9.







