Полицијата го евакуираше аеродромот во Антверпен во Белгија поради сомнителен багаж.
Според првите информации, во багажот преку скенерот бил воочен експлозив.
Екипи на полицијата и Итна медицинска помош се на местото на настанот.
Од безбедносни причини патниците го напуштиле подрачјето околу аеродромот.
Полицијата објави дека по алармирањето од страна на безбедносните аеродромски служби нивно дресирано куче реагирало на рачна торба во која се претпоставува дека се крие експлозив.
Експерти за демонтирање на бомби се во аеродромската зграда и „работат на случајот“.
Лицето кое сакало да се качи на летот за Мароко е уапсено, а неговиот багаж детално се прегледува.







