Во близина на брегот на Дебарското Езеро кај место викано „Мочово Поле“, вчера околу 14 часот бил пронајден Ј.Ј (&*) од дебарското село Голем папрадник.
Како што соопшти денска МВР-Скопје, смртта без траги на нсилство ја констатирал лекар од судска медицина и истата настапила како последица од давење со вода.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Дебар.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.







