Компанија за маркетинг која ја ангажирал Републиканскиот национален комитет случајно објавила чуствителни лични податоци на речиси 200 милиони американски граѓани.
Количински, објавени се околу 1,1 терабајт податоци, а меѓу нив можат да се најдат дати на раѓање, адреси, телефонски броеви и политичка определеност на речиси 62 отсто од целата популација на САД.
На податоците може да им се пристапи преку Амазон клауд сервер, ако поединецот има врска до тој сајт, наведува Би-Би-Си.
Огромната количина лични податоци ја открил аналитичарот за сајбер ризик, Крис Викери, од фирмата „АпГард“.
Судејќи според се, податоците се собирани од повеќе извори, од пораки на форумите „Редит“ до комитетите кои собирале средства за Републиканската партија.
Собраните информации внесени се во табели и закачени на сервер во посед на „Дип рут аналитикс“, а последен пат се ажурирани во јануари, по инаугурацијата на претседателот Трамп, се напоменува во информацијата на Би-Би-Си.
Не е познато колку време информациите биле достапни на интернет.
„Ја превземаме целосната одговорност за оваа ситуација. Врз основа на информациите што ги собравме, не излгледа дека нашите системи биле хакирани“, изјавил за веб сајтот „Гизмодо“, основачот „Дип рут аналитикс“, Алекс Ландри.
Покрај личните детали, меѓу податоците можело да се најде веројатно и религиската определба на народот, етничката припадност и политичкото определување, меѓу кои и политичките ставови за контраверзни теми како што се контролата на оружје, правото на абортус и истражувањето на матични клетки.
Иако е познато дека политичките партии редовно собираат податоци за гласачите, ова е најголемо протекување на информации во САД до сега и експертите за приватност се загрижени околу количината и размената на информации кои се собрани, пишува Би-Би-Си.
„Ова е многу загрижувачко. Ова не се само чуствителни, туку интимни податоци, меѓу кои можат да се најдат предвидувања за човечко однесување, мислење и верувања кои луѓето никогаш не одлучиле да ги кажат некому“, изјави раководителката на „Плајвас интернешенел“, Фредерик Калтхојнер за Би-Би-Си.







