Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Протекоа тајни документи за црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ
Балкан

Протекоа тајни документи за црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ

октомври 4, 2021Updated:октомври 4, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо, во 2012 година склопиле тајни договори за управување со недвижности скривајќи се зад комплицирана мрежа на поврзани компании од повеќе земји, се наведува во истрагата за офшор бизниси која ја води Меѓународиот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).

Станува збор за истрага која утврди како бројни челници и познати лица го скриваат својот имот во офшор компании за да прикријат данок, објави вчера Конзорциумот.

Досега најголемата база на податоци содржи речиси 12 милиони документи од 14 офшор агенции, а една од нив е „АЛЦОГАЛ“, водечка адвокатска канцеларија во Панама со претставништва на сите познати офшор дестинации, вклучувајќи ги и Британските Девствени острови, преку кои, како што наведува црногорската невладина организација „МАНС“, се водени бизнисите на семејството Ѓукановиќ, објавено е во дневникот на ТВ Црна Гора.

Дека навистина се работи за претседателот на Црна Гора и неговиот син, прецизира МАНС, покажува и заверената документација која е приложена при склопувањето на договорите: дипломатскиот пасош и сметка за вода од неговата адреса во Подгорица, која ја приложил како доказ за престојувалиште. Синот на Ѓукановиќ, Блажо, доставил копии од лична изјава и сметка за изнајмување на стан во Лондон.

Во документите до кои дошол МАНС пишува дека семејството Ѓукановиќ склопило договори заради препишување наследство и заради заштита на имотот, додека како извори на средства се наведени приходи од нивните кариери и профитите од инвестирањата.

„Најновата претстава за јавноста од невнадината организација МАНС, под името на ‘Pandora papers’, само е уште еден во низата обиди за дискредитација на претседателот на Црна Гора и на членови на неговото семејство, на кои МАНС залудно работи со години“, соопштија вчеравечер од кабинетот на Ѓукановиќ.

Во соопштението се наведува дека во текот на 2012 година, во време кога не обавувал државни работи, Мило Ѓукановиќ работеше на воспоставување на инфраструктури за отпочнување на деловни активности заедно со синот.

Истражувањето на МАНС во објави на Твитер го поздравија црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и потпретседателот на владата, Дритон Абазовиќ, и го повикаа Обвинителството да ги истражи наводите за нелегалните активности за членовите на семејството Ѓукановиќ.

Бројни челници, меѓу кои и чешкиот премиер, јорданскиот крал и претседателите на Кенија и Еквадор, ги криеле имотите во офшор компании за да прикријат даноци, покажала истрагата на ИЦИЈ.

Истрагата во која учествувале 600 новинари наречена „Pandora Papers” се темели на околу 11.9 милиони документи од 14 фирми за финансиски услуги и разоткрива повеќе од 29.000 офшор компании.

ИЦИЈ открива врски меѓу офшор сопствеништва и 336 челници и политички функционери кои основале 1.000 фирми, од кои повеќе од две третини на Британските Девствени Острови.

Меѓуародниот конзорциум на истражувачки новинари е независна меѓународна мрежа со седиште во Вашингтон, со повеќе од 200 новинари и 100 медиумски организации во повеќе од 70 земји.

(Фото: ЕПА)

актуелно истражување конзорциум Мило Ѓукановиќ офшор Панама Претседател ритански Девствени Острови црна гора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.