Движењето „За заедничка Македонија“, организираше протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата во Скопје.
Протестот започна во 18 часот пред мисијата на Европската Унија, а оттаму протестниот марш продолжи по булевар „Свети Климент Охридски“ и булевар „Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се огради од протестот, односно порачаа дека не се организатори, но сепак нивниот член Антонио Милошоски присуствувше.







