Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Против дезинформациите со поголема транспарентност
Македонија

Против дезинформациите со поголема транспарентност

септември 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пропагандата, дезинформациите и евтините квази новинарски приказни промовираат омраза и насилство, создаваат параноја и заговор, ја поткопуваат демократијата и националната безбедност. Тие ни одблиску не се слобода на говор.

Напротив, имаат за цел да ги изманипулираат граѓаните, да дезинтегрираат личности, да создадат конфликти. Затоа, мора да научиме да правиме разлика меѓу лагите и конструктивните критики кои се сојузник во нашето работење, рече денеска премиерот Зоран Заев.

На првиот консултативен состанок на Акциската група за координација на државните институции за борба против дезинформации и напади на демократијата на кој присуствуваа и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, министри и други високи претставници од институциите, Заев потенцира дека медиумската писменост е клучна, а во борбата против лажните вести треба да се вклучат сите чинители.

– Трендот на ширење шокантни вести и невистини е најголем поткопувач на демократските, реформските и прогресивните процеси во општеството.

Денес, дезинформациите, користејќи ја развиената технологија, предизвикуваат етничка, политичка и верска нетрпеливост, а во регионален контекст се заеднички непријател на помирувањето на земјите од Западен Балкан, напомена Заев и дополни дека земјава посебно во последните две години се соочи со овој феномен.

Како пример за лажни вести и многу чести манипулации, го посочи периодот пред и по потпишувањето на Преспанскиот договор. Целта беше, рече, да ги дезинформира и дестимулира граѓаните, да се дискредитира референдумот.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање нагласи дека на дезинформациите треба да се одговори со поголема транспарентност.

-Институции со интегритет комуницираат со граѓаните преку навремени, јасни и прецизни информации, помагаат да се создаде опкружување во кое образовниот процес инвестира во нови генерации млади луѓе со развиени аналитички вештини, а медиумите помагаат јавноста да формира критичка свест. Тоа е единствената насока која води кон отоврено општество што мисли за својата иднина, подвлече Пендаровски.

Според него, медиумската писменост и справувањето со дезинформациите се одлична инвестиција за развој на општество на слободни граѓани што е крајна цел и на нашата земја.

Пораката на претседателот на Собранието, Талат Џафери беше дека е неопходна многу голема внимателност кога се работи за транспарентноста на институциите. Тие мораат, нагласи Џафери, да бидат отчетни, но во исто време и да ја стеснат можноста од евентуални манипулации, лиферувајќи ги и ажурирајќи ги информациите навреме.

-Денешниот состанок е прв чекор, но неопходен во борбата против лажните вести.

Воедно е и знак дека дезинформациите како држава не засегаат и дека оваа многу негативна појава е сериозно сфатена. Живееме во свет на глобализација, асовремена технологија која се менува и постојано се усовршува. Границите кои некогаш беше невозможно да се поместат, се придвижуваат се повеќе. Тоа ме радува и ме плаши зашто значи дека информациите, но и дезинформациите се шират со голема брзина. Штетата што дезинформациите може да ја предизвикаат, не може да се поправи и да се врати назад. Информацијата и дезинформацијата
денес се најсилното оружје со кое се нарушува интегритетот на личности и држави, се шири општа недоверба во институциите, меѓу земјите, посочи Џафери.

Министерот за отчестност и транспарентност Роберт Поповски кој го модерираше состанокот, информира дека е во тек изготвување Акциски план за системско справување со дезинформациите, а опфаќа низа активности кои допрва ќе се спроведуваат, како и две групи мерки: безбедносни, кои се однесуваат исклучиво на Владата и другите државни институции, како и проактивни, кои се однесуваат на граѓанството (медиуми, здруженија, новинари поединци).

Во Акциската група учествуваат Владата, Собранието, Кабинетот на Претседателот, министерствата за одбрана, внатрешни и надворешни работи, администрација, образование и наука, како и Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Оперативната техничка агенција.

актуелно дезинформации поголема транспарентност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.