Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Против загадувањето со финансиска и техничка помош од меѓународната заедница
Во Фокусот

Против загадувањето со финансиска и техничка помош од меѓународната заедница

декември 10, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата бара финансиска и техничка помош од меѓународните донатори во борбата против аерозагадувањето и спроведувањето на двегодишниот национален план со кој се очекува намалување на загадувањето за 50 проценти.

Националните средства што се обезбедени од Буџетот, како што беше посочено на денешната донаторска конференција организирана во Владата, не се доволни за да се спроведе Планот за борба против аерозагадувањето, а потребна е и техничка помош и размена на позитивни искуства од европските држави во справувањето со овој глобален проблем.

Од Владата најавуваат помош во замената на старите нееколошки системи за затоплување со нови еколошки во јавните институции и во домаќинствата, субвенции за купување на еколошки возила и за вградување на плински уреди, а се надеваат дека ќе биде донесен и закон со кој ќе се забрани користењето на јаглен како средство за затоплување.

„Граѓаните не сакаат да загадуваат, но ние треба да им помогнеме и тоа
ќе го направиме со субвенции за еколошки извори, со подигнување на
енергетската ефикасност на објектот, со замена на печките на јаглен и се
надевам дека ќе добиеме консензуална поддршка во Собранието да се
донесе закон за забрана за користење јаглен како извор на затополување.
Тоа ќе биде една драстично корисна мерка која не треба да се искористи
од аспект на социјала, туку од аспект на заштита на животната средина
како една од клучните компоненти“, изјави заменик-министерот за
животна средина и просторно планирање Јани Макрадули пред почетокот
на конференцијата.

Според него, замената на старите и нееколошки системи за затоплување
би дала најбрз резултат во однос на загадувањето бидејќи, како што
посочи, четири различни студии покажале дека околу 46 проценти во
загадувањето учествуваат домаќинствата кои не се греат само на дрва и
јаглен, туку користат и пластика и гуми.

„Ова не е само екоолошки, туку и економско прашање. На пример, градинка во општина Центар која се грее на нафта и која годишно троши 18 илјади евра, ако греењето го замени со инвертери тогаш сметката ќе се намали на 3,5 илјади евра“, појаснува Макрадули, додавајќи дека во борбата против загадувањето потребно е да се вклучат сите чинители на државата тргнувајќи од институциите до невладиниот сектор и граѓаните.

Се надева дека доколку се продолжи со замена на нееколошките извори, чистење на депониите, засадување на садници, засилени инспекции и заплена на нееколошки средства, резултатот брзо ќе дојде.

Според вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е и национален координатор на странската помош, загадувањето не може да се реши со магично стапче и ад-хок решенија, туку потребни се краткорочни и долгорочни стратегии со низа мерки и активности за целосно надминување на проблемот.

„И сега имаме поединечни активности на донаторите преку разни проекти, но важно е тие да бидат комплементирани и во линија на нашата стратегија и да не се преклопуваат“, изјави Османи, додавајќи дека има добар одѕив од меѓународната заедница, меѓународните финансиски институции и организации.

Речиси сите извештаи покажуваат дека во изминатиот период Скопје, Тетово и Битола се едни од најзагадените градови во Европа.

Буџетот влада загаден воздух јани макрадули
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026

Силното невреме што ја зафати Грција, поплави улици, објекти, домови

октомври 15, 2026

Уште едно лице почина како последица на западнонилска треска

октомври 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.