Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Протоколот за НАТО во германскиот Бундестаг
Македонија

Протоколот за НАТО во германскиот Бундестаг

јуни 6, 2019Updated:јуни 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО денеска е на дневен ред во германскиот Бундестаг, откако вчера го ратификуваше Норвешка, како 15-та земја досега со што половина од членките на Алијансата дадоа зелено светло за
официјализирање на приемот на земјата во најголемиот воено-политички сојуз.

По дебатата за влезот на земјава во НАТО, германските пратеници ќе\пристапат кон гласање.

Владата на Германија во образложението на Протоколот од 6 февруари 2019 година изразува убеденост дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО ќе значи придонес кон безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор Протоколот вчера го ратификуваше Парламентот на Норвешка, а норвешкиот министер за надворешни работи Ериксен Сореиде оваа информација ја сподели на Твитер налогот на новешкото МНР.

„Важен чекор за безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко. Во очекување да ја видиме Северна Македонија како сосед на Норвешка на масата на Северноатлантскиот совет, напиша тој на Твитер.

Норвешка е 15-та од 29 земји членки на НАТО кои го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата.

Амбасадорите на 29. земји-членки на 6 февруари во седиштето на НАТО го потпишаа Протоколот за членство, а прва го ратификуваше Грција. Очекувањата се во јуни Протоколот да влезе во процедура и во САД. Ратификацискиот процес, заеднички оценуваат надлежните, може да заврши и пред Самитот на Алијансата закажан во декември во Лондон.

Меѓу земјите што треба да го ратификуваат е и Турција, а во јавноста се појавија сомнежи дека оваа земја може да калкулира со Протоколот поради присуството на ФЕТО во државава. Неодамнешната посета на министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, го отвори повторно прашањето на функцонирањето на ФЕТО во земјава, која Турција ја смета за терористичка организација. Тогаш Акар предупреди дека структурите на ФЕТО, што функциуонираат во земјава им штетат на билатералните односи. Тој изрази верба во институициите на земјата и надеж дека ќе преземат мерки за ослободување од овие, како што рече терористички структури.

А премиерот Зоран Заев, за време на посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој оваа недела беше во земјава, придружуван од највисокото тело за носење политички одлуки во Алијансата – Северноатлантскиот совет, истакна дека Турција е еден од нашите најголеми пријатели, а нивните очекувања се кога ќе завршат сите политички изборни процеси да ја отпочнат процедурата за ратификација.

Тој на заедничката прес-конференција со Столтенберг се повика и на изјавата на потпретседателот на турската Влада дека тие продолжуваат со поддршка на нашата земја и во најкус можен рок ќе го ратификуваат овој протокол.

„Нашите министерства за внатрешни работи, за правда, соработуваат и за другите отворени прашања, таа соработка продолжува согласно сите меѓународни стандарди, кажа Заев уште еднаш истакнувајќи дека Турција е еден од нашите најголеми пријатели, изразувајќи уверување оти тоа ќе го докаже и овој пат.

Првиот човек на НАТО посочи дека Протоколот се ратификува со забрзано темпо, а Северна Македонија веќе е дел од трансатлантското семејство. Додаде дека членството треба само да се формализира по ратификацијата на овој документ од страна на земјите-членки, по што земјата и официјално ќе може да учествува во процесот на донесувањето на одлуките.

актуелно германски бундестаг НАТО протокол
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.