Хаџер Тулу, турска пејачка, убиена е вчеравечер во ноќен клуб во популарното туристичко летувалиште во Турција, Бодрум, откако четворица мажи стрелале од автомобил паркиран во близина на клубот. Четиесетгодишната пејачка е една од двете жртви во нападот.
Како што пренесуваат медиумите, лекарите и ја дале сета потребна помош на Тулу во болницата, но се било попусто.
Хаџер Тулу е родена на 10 април 1978 година во Измир во семејство на мигранти од Босна и Херцеговина..
Според првичните информации второто лице кое е убиено во нападот е Мехмет Али Суренсој, сопственик на клубот „Медуза“ каде се случи инцидентот. Повредени се уште четири лица.
Полицијата по прегледувањето на снимките од безбедносните камери во ноќниот клуб и од околните згради уапси четири лица.







