Пет лица се ранети кога двајца на мотоцикл отвориле оган на кафуле во Истанбул.
На местото на настанот се излезени екипи на полицијата и Итната медицинска помош.
Ранетите се префрлени во болница и заради сериозноста на повредите се задржани на лекување.
Во тек е истрага на полицијата за утврдување на идентитетот на напаѓачите и за мотивот за нападот.







