Рускиот претседател Владимир Путин упати новогодишна телеграма до американскиот претседател Доналд Трамп.
Путин во пораката порача дека конструктивниот разговор помеѓу двете земји е од суштинска важност за глобалната стабилност. Тој во честитката упатена до Трамп истакна дека Русија и САД би можеле да развијат прагматична соработка насочена кон долгорочна перспектива, на база на еднаквост и взаемна почит.
„Развојот на конструктивен дијалог помеѓу Русија и САД е исклучително важен за зајакнување на стратешката стабилност во светот и изнаоѓање на оптимални одговори на глобална закана и предизвици“, укажа Путин.







