Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е заинтересирана за обединета Европа и додаде дека не се обидува да ја подели.
“Ние немаме цел да предизвикаме поделби во Европската унија. Напротив, не сме заинтересирани за обединета и напредна Европска унија, бидејќи таа е нашиот најважен економски и трговски партнер”, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за австриската ОРФ во пресрет на посетата на Австрија.
Од Кремљ соопштија дека Путин на 5 јуни ќе има работна посета на Австрија во рамките на која ќе се сретне со австрискиот претседател Александар ван дер Белен и канцеларот Себастијан Курц.







