Канцеларијата на обвинителството во Шлезвиг наведува дека Пучдемон на властите им ја оставил адресата во Германија, каде ќе прстојува додека судот не донесе одлука на барање на Мадрид за негово екстрадирање по основа на обвинение за злоупотреба на јавни средства.
Претходно денеска, адвокатите на екслидерот на Каталонија стигнале во германскиот затвор во кој Пучдемон ги помина изминатите две недели и се очекувало дека тој наскоро ќе биде пуштен по уплатата на кауцијата.
Во образложението на судот во Шлезвиг стои дека Пучдемон неможе да биде екстрадиран по обвинение за бунт, бидејќи германскиот закон за такво обвинение подразбира употреба на закана или сила доволна да ја скрши волјата на властите. Пучдемон беше уапсен во Германија по шпанската потерница, кога се обиде од Финска да премине во Белгија, каде престојуваше.







