Во интервју за Би-Би-Си, Карлес Пучдемонт изјави дека Каталонија ќе прогласи независност во следните неколку денови.
„Владата ќе дејствува на крајот на оваа недела или на почетокот на следната седмица – изјави Пуџдемонт, додавајќи дека засега нема контакти меѓу неговата администрација и централната Влада во Мадрид.
Пуџдемон посочи дека, ако Мадрид се обиде да интервенира и да ја стави под контрола каталонската Влада, тоа ќе биде „грешка што ќе смени сѐ“.
Претходно шпанскиот крал Фелипе нагласи дека актуелната ситуација во Каталонија е „многу сериозна“ бидејќи каталонските лидери ги прекршиле законите на земјата и покажале „недозволиво отсуство на лојалност“.
Пуџдемонт констатираше дека „неодговорното однесување“ на каталонските лидери може да ја изложи на ризик економската стабилност на Шпанија.
Во цела Каталонија вчера имаше протести поради полициското насилство за време на забранетиот референдум за независност, при тоа беше побарано Европската Унија да интервенира во спорот помеѓу сепаратистичките каталонски лидери и Мадрид.







