Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пшчел: Северна Македонија пример како процесот на интеграција во НАТО забрзува решање отворени прашања
Политика

Пшчел: Северна Македонија пример како процесот на интеграција во НАТО забрзува решање отворени прашања

јули 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Политиката на НАТО кон земјите од Западен Балкан не е сменета, таа е континуирана, но изминатите две години се случи одреден прогрес во регионот, поради што Алијансата треба и соодветно да одговори на аспирациите на државите за интеграција во воено-политичкиот сојуз.

Таков пример за земја, која направи голем исчекор е Северна Македонија.

Ова го порача висок службеник за Русија и Западен Балкан во Одделот за јавна дипломатија на НАТО Роберт Пшчел во интервју за European Western Balkans.

Тој нагласува дека Северна Македонија, која се очекува и официјално да стане членка на Алијансата до крајот на годината, мора да се издвои како извонреден пример.

„Северна Македонија не е само успешна приказна од гледна точка за нејзината иднина и иднината на нејзините граѓани, туку е фантастична реклама за сите оние кои го поставуваат прашањето дали интеграцијата во НАТО е позитивен процес“, нагласи Пшчел, кој појасни дека со примерот на Северна Македонија всушност се покажува дека во процесот на интегрирање во Алијансата се создава позитивна клима за решавање на многу прашања, кои потешко би се решиле во поинакви околности, а сето ова се однесува и на процесот за влез во Унијата.

Пшчел нагласи дека безбедноста на Западен Балкан е од големо значење за безбедноста на Европа, тоа е несраскинлив процес.

Тој додаде дека за НАТО нема сомнение оти регионот е од стратешко значење и истакна дека не треба да се заборават случувањата во регионот од крајот на минатиот
век и оти не смее да се дозволи негово повторно дестабилизирање.

„Западниот Балкан не е во задниот двор на Европа, на него треба да се гледа ако предворјето на Европа“, нагласи Пшчел.

Во врска со наративите дека Русија прави обиди да го спречи интегрирањето на регионот во НАТО, Пшчел вели дека НАТО има чисти позиции – поаѓа од идејата регионот да го види просперитетен, стабилен, со стабилна иднина, развиена економија, без конфликти.

Тој истакна дека земјите од регионот ги имаат истите аспирации за интегрирање во ЕУ и НАТО, но додаде дека нема еден модел за сите, а тој процес се заснова на доброволност, земјите сами го избираат патот.

„Постојат сомневања дека има таква агенда, гледаме одредени однесувања кои сугерираат дека има желба со различни инструменти да се постигне тоа, се користат дезинформации, злонамерно влијание, влијание врз демократските процеси, а во најекстремните случаи како тој во Црна Гора имавме обид за пуч“, додаде Пшчел.

Според него, НАТО сака добра соработка со сите земји од регионот, согласно нивните желби и ја поддржува нивната соработка со сите други држави, доколку таа е позитивна и не влијае врз поткопувањето на регионалната стабилност.

актуелно интеграција НАТО пример процес Пшчел северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.