Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Пјонгјанг нема да преговара за своето нуклеарно оружје и дека Американците мораат да го прифатат нивниот нуклеарен статус.
Чое Сон Хуи, генералниот директор на Одделот за Северна Америка, рече дека поседувањето на нуклеарното оружје е „прашање на живот и смрт за Пјонгјанг“, пренесе агенцијата РИА.
На конференција за неширење на оружјето во Москва, Сон Хуи изјави дека Северна Кореја поседува нуклеарно оружје и балистички ракети, но и дека ќе ги користи само во случај на закана за државата и, како што наведе, ќе одговорат со оган на оган.
Севернокорејскиот официјален претставник истакна дека актуелната ситуација го продлабочува уверувањето на Пјонгјанг дека нуклеарно оружје е потребно за да се одговори на евентуален напад.
„Пјонгјанг ќе ги смета сите напори на давење на државата по пат на санкции на ОН за обиди за објавување на војна“, рече тој.
„Ќе ја нападнеме само Америка, ниедна друга земја“
„Пјонгјанг не очекува дека било која друга држава освен САД ќе покрене нуклеарен напад, а на тој напад ќе извршиме контранапад. Наша цел ќе биде само Вашингтон, а не некоја трета земја“, додаде Чое Шон.
Чои потврди дека Северна Кореја нема никаква намера да разговара со Вашингтон за својата нуклеарна програма и, вели, дека САД ќе мора да се помират со нуклеарниот статус на Северна Кореја.









