Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Разводот остава потрајни последици кај девојчињата отколку кај машките деца
Живот и Стил

Разводот остава потрајни последици кај девојчињата отколку кај машките деца

април 3, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во случај на развод, со сите проблеми околу старателството, посетите и одгледувањето, децата вообичаено се главната грижа на родителите. Според психолозите, разводот може да влијае на различни начини кај детето, а тоа зависи од возраста, полот и други фактори.

Разводот на сличен начин ги погодува и женските и машките деца, но меѓу нив има некои разлики. Поточно, доживувањето и проживувањето на сѐ тоа кај девојчињата е подолго отколку кај момчињата. Истражувањето покажува дека женското дете има некои негативни симптоми и до една година по разводот – главно депресија, лутина и психички проблеми. Сепак, и овие последици во повеќето случаи исчезнуваат со текот на времето.

Во многу семејства, мајките го добиваат старателството над децата по разводот.

За девојчињата, развивањето силна врска со мајката по разводот им помага побрзо да се опорават од стресот отколку кога би останале со својот татко. Д-р Пол Р. Амато, стручњак за разводи, открива дека односот мајка – ќерка е „поотпорен“ на стресовите по развод.

Меѓутоа, со оглед на тоа што веќе не живее со татко ѝ, важно е мајката да ѝ помогне на ќерката да продолжи со контактите и добриот однос со таткото. Секако, тука се важни и околностите околу разводот, како и односот на таткото со детето. Сѐ тоа се зема предвид.

А пак, друго испитување покажува дека разводот може негативно да влијае на образованието на девојчињата и на кариерата подоцна. За жал, околу 10 отсто од девојчињата кои доживеале развод на родителите, пројавиле намалена желба, снаодливост и успех на училиште. Сепак, во просек, истражувањата покажуваат дека повеќето девојки и жени се успешни на училиште и работа, особено ако имале и имаат постојана поддршка од барем еден родител.

Од друга страна, пак, разводот на родителите во рана возраст на момчето го зголемува лошото однесување кај него – во облик на агресија, насилство, деликвенција итн. Ова е особено изразено кога разводот се одликувал со поостри и чести судири меѓу родителите.

Повеќето момчиња, по неколку години го губат редовниот контакт со таткото. Некои истражувачи велат оти тоа дополнително го усложнува или ќе го одложи прилагодувањето и развојот кај машкото дете. Поради ова, стручњаците советуваат и препорачуваат дека на момчињата, особено оние кои влегуваат во адолесценцијата, им треба постојана присутност на таткото по разводот.

Во случај на врска со нов/-а партнер/-ка, вмешаност на очув или маќеа кусо време по разводот носи дополнителен стрес кај децата, предупредуваат психолозите. Меѓутоа, момчињата, се покажа, понекогаш ги доживуваат очувите како сојузници или пријатели и дека многу подобро го прифаќаат новиот член во семејството, за разлика од девојчињата.

 

 

 

ИЗВОР/ФОТО: МИА

деца развод родители
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Албанската влада разгледува намалување на возраста за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години

октомври 20, 2026

Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT

октомври 16, 2026

Епидемиологот Даниловски објаснува: Привременото одложување на БСЖ вакцината е мерка на претпазливост, а не доказ дека вакцината е небезбедна

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.