Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Разговорите за СЈО статус кво
Македонија

Разговорите за СЈО статус кво

април 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

И покрај најавите викендот не продолжија разговорите меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статсус на Специјалното јавно обвинителство.

Министерката за правда, Рената Дескоска, во врска со 65-те амандмани што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство, изјави дека намерата им е да го уништат Специјалното јавно обвинителство и да ги запрат сите постапки.

-Со тие амандмани се уништува СЈО, се уништуваат истрагите, предистражните постапки и постапките кои ги презело СЈО. Тоа не се амандмани кои можат да го подобрат текстот, изјави Дескоска.

Таа не е оптимист дека ќе биде постигнат договор со ВМРО-ДПМНЕ.

-Не сум многу отпимист во процесот, би сакала ВМРО-ДПМНЕ да ме демантира. Сепак, не се откажуваме од процесот на разговори, но свесна сум за интересите кои ги имаат и дека се пред општите интереси на граѓаните, рече министерката Дескоска.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски вчера на новинарско прашање дали ќе има средба на работните групи во врска со измените во законот за јавно обвинителство изјави дека средбата треба да ја закаже Министерството за правда, односно ресорната министерка Дескоска.

-Колку што знам оставен е период за внатрепартиски консултации по којшто ќе следува нова средба на работните групи, рече Стоилковски.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, одговарајќи на прашања вчера на средбата со новинарите рече дека не е утврден конкретниот датум за формална четврта рунда преговори меѓу политичките партии за законот за јавно обвинителство, но е оптимист дека се уште има простор да се изнајде решение кое би ги задоволило сите страни и да се донесе овој закон со консензус.

-Очекувам да продолжат разговорите за да се постигне консензус по примерот на консензусот што се постигна со Законот за антикорупција и конфликт на интереси. СЈО е едно од трите основни столба на нашиот систем за борба против корупцијата и на нашиот обид за враќање на владеењето на правото, рече Османи.

Добро е, рече, што Владата односно Министерството за правда ги прифатило основните принципи на опозицијата во поглед на овој закон и што опозицијата возвратила со конкретни предлог амандмани, што според него, значи дека се влегува во сериозни разговори за изнаоѓање решение, но нагласи не смее да се задира во автономијата на СЈО и оти треба да продолжи со истрагите произлезени од прислушуваните материјали.

Во однос на изјавите што си ги разменија спикерот Талат Џафери и министерката Дескоска за тоа дали доколку се постигне консензус треба да се свика собраниска седница за донесување на законот за време на изборна кампања, Османи смета дека е несоодветна комуникација меѓу институциите и оти најважно е прво да се најде консензус.

Законот за јавно обвинителство се носи со двотретинско мнозинство и е едн од условите за добивање датум за отворање на преговори со ЕУ.

актуелно разговори СЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.