Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Разговори за сите можни опции за името
Македонија

Разговори за сите можни опции за името

мај 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Отворени се сите можни опции за решение за името. Ниту едно име не е фаворизирано и се уште се разговара. За грчката страна решението ќе биде со име од трите предлози на Нимиц „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“.

Експертските работни групи од Македонија, Грција и од Обединетите нации заседаваат во Атина со цел да го доработат рамковниот договор за двајцата премиери. Клучните детали за решението треба да се финализираат на средбата на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Датумот за средбата ќе биде познат во наредните денови. Потоа ќе следат неколку фази до ратификацијата на спогодбата во двата парламента

Првиот чекор е премиерот Заев да го донесе договорот во македонскиот Параламент на изгласување, а потоа со допис Грција да го извести НАТО дека го одобрува влезот на Македонија во северноатланската алијанса. Следата фаза, на 28 и 29 јуни на Самитот на ЕУ на Заев и официјално да му биде доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со Унијата, а на 11 и 12 јули на Самитот во Брисел да следува официјална покана за влез во НАТО. Во септември или октомври, да се одржи референдум за името, потоа македонското Собрание да одобри уставна ревизија  по што договорот треба да стигне во грчкиот Парламент на ратификација.

Грчката телевизија „Скај“ вчера објави дека прашањето со ерга омнес и понатаму е разликата во позициите на двете страни.

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос изрази оптимизам и истакна дека може да се каже дека се наоѓаме во финална линија, но оти никој не може да го предвиди исходот во толку, како што вели, сложени преговори.

„Се надеваме и оптимисти сме дека ќе успееме да го постигнеме договорот на кој работиме веќе толку долго време. Сепак, сакам да сме трпеливи, треба да бидеме трпеливи. И токму тоа го правиме. Не е важно да имаме договор, важно да имаме добар договор- рече Ѕанакопулос.

Алтернативниот грчки министер за надворешни работи Јоргос Катругалос исто така е оптимист за решение, а според него договорот е блиску.

„Се наоѓаме многу блиску до решение, а 100-те метри од патот, за кои говореше премиерот во Софија, сега станаа 50 метри. Но, треба да имаме на ум дека се уште немаме договор-  истакна Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио.

Опозициската Нова Демократија бара од грчката Влада да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати

„Нова демократија предупредува владата да не се согласи однапред за каков било договор што ќе му дава на Скопје датум за почеток на преговорите за интеграција во Европската унија и зелено светло за членство во НАТО. Незамисливо е Грција однапред да го предаде преговарачкото оружје што го поседува и да очекува во иднина усогласување на рати од страна на нашата соседна земја- вели портпаролката на партијата, Марија Спираки.

Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во Нова Демократија потенцира дека решението што ќе се постигне треба да биде добро решение, бидејќи, во спротивно, тие како влада одново ќе преговараат.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров пак порача дека треба да има јасна дистинкција оти стартот на преговори не  е исто што и пристапување во ЕУ.

„Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настана, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите. Ако го барате истото ниво на демократска зрелост како онаа што се бара за влез во ЕУ тогаш процесот нема смисла- изјави Димитров.

Поддршка да се најде решение на деценискиот спор било дадено од германска страна на средбата на шефовите на грчката и германската димпломатија Хајко Мас и Никос Коѕијас.

Мас го поздравил развојот на досегашниот тек на преговори и потенцирал дека Берлин со години силно се залага за решение во спорот за името.

Коѕијас информирал дека од вчера експертските работни групи од Македонија, Грција и од Обединетите нации заседаваат во Атина со цел да го доработат рамковниот договор за двајцата премиери.

актуелно Грција ЕУ македонија НАТО скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.