Министерството за здравство соопшти дека минатата недела биле именувани директори на неколку јавни здравствени установи и се разрешени економските директори во повеќе ЈЗУ.
За директори се назначени Салија Љатиф на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, Ангелчо Андоновски на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, а Филип Гучев на Универзитетска клиника за ревматологија.
Од Министертвото информираат дека во Психијатриската болница Бардовци останува досегашниот директор, Ќамиљ Ковачи.
Разрешени се економските директори на клиничките болница во Тетово и во Штип, на универзитетските клиники за радиотерапија и онкологија, за кардиологија, за кардиохирургија, за клиничка биохемија, за неврохирургија, за дигестивна хирургија, за пластична хирургија, за торакална и васкуларна хирургија, за гастроентерохепатологија и на ТОАРИЛУЦ.







