Министерот за култура Роберт Алаѓозовски го разреши досегашниот директор на Драмскиот театар – Скопје, Роберт Вељановски, а за в.д. директор е назначен актерот Сашо Тасевски.
Роберт Вељановски како актер е вработен во Драмски од 1997 година, а на директорското место дојде по смртта на неговиот претходник Бранко Ѓорчев.
Актерот Сашо Тасевски од 1998 година е член на Драмскиот театар. Покрај тоа, познат е и како колумнист и писател.







