Албанскиот премиер, Еди Рама, пред младите членови на неговата партија се пофали дека благодарение на неговата влада бил донесен законот за албанскиот јазик во Македонија.
Според Рама, усвојувањето на законот за употреба на јазиците е голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли.
„Усвојувањето на законот за албанскиот јазик од страна на парламентот во Скопје претставува историско постигнување за Албанците, што ја демократизира и зајакнува самата Македонија“, напиша на својот профил на фејсбук Рама, кусо по усвојувањето на законот.







