Албанскиот премиер Еди Рама од Проширеното собрание на Социјалистичката партија, одржано во Поградец, оцени дека во Албанија урнат е митот за недопирлива личност.
Додаде дека реформата во правосудството не ја донесоа САД, туку само една сила во Албанија, а тоа е Социјалистичката партија.
-Во Албанија урнат е митот за недопирлива личност. Има некои што викаат дека Америка ја донесе правосудната реформа. Со што ја донесе Америка, со авион? Ова го донесе само една сила во земјава, а тоа е Социјалистичката партија, рече Рама.
Правдата е наша највисока амбиција, рече и нагласи дека се залагале да го реформираат правосудството уште од времето кога социјалистите биле во опозиција.
-Кога бевме во опозиција, уште тогаш и предлагавме на власта реформи во правосудството. Сега има некои што велат дека ја контролираме правдата. Го велат некои што имале власт, но кои не се научиле вака да функционира државата. Така работеа кога беа на власт, правдата беше фарса, на далечинско, денес не е, посочил Рама.
Според него сето тоа припаѓа на минатото, што и се гледа од работата на надлежните.
(Фото: Социјалистичка партија на Албанија)







