Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре ќе престојува во прва официјална посета на Македонија. Како што соопштија од кабинетот на Харадинај, тој освен средбата со својот домаќин, македонскиот премиер Зоран Заев, ќе биде примен и од други високи македонски личности.
Премиерите Харадинај и Заев ќе разговараат за пријателските меѓусоседски односи, а ќе го дефинираат и датумот на одржување на заедничката седница на владите на двете земји, се наведува во соопштението.
Косовските медиуми наведуваат дека истиот ден во Скопје ќе престојува високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Македонскиот премиер Заев на 12 декември престојуваше во Косово.







