Во близина на Томиславград, поранешно Дувно, во БиХ, бил пукано во сопственикот на Динамо од Загреб, Здравко Мамиќ, информираат хрватските медиуми.
Мамиќ бил застрелан во ногата и веднаш по инцидентот бил префрлен во Здравствениот дом во Томиславград.
Сите овие информации ги потврдил неговиот адвокат Иван Станиќ.
Од Здравствениот дом потврдија дека Мамиќ го примиле со прострелна рана во десната натколеница, дека не е во животна опасност и дека раната му била санирана.
Сопственикот на загребски Динамо со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во болница заради детално утврдување на повредата, а полицијата почнала потрага по сторителот.
Мамиќ денеска бил во Томиславград на гробот на својот татко кому му била годишнина од смртта.







