Во цела Европа и светот се одржуваа собири во чест на жртвите од нападот на Хамас на Израел.Додека оние кои покажаа поддршка за семејствата на загинатите минуваа мирно, полицијата интервенираше против оние кои се организираа за Палестинците.
Австриската полиција во средата забрани пропалестински протест во Виена бидејќи се совпадна со произраелски протест.
Како причина го наведоа тоа што во поканите се споменува изразот „од реката до морето“, што го окарактеризираа како повик за насилство.
„Во суштина тоа е ‘Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна’, слоган на ПЛО усвоен од Хамас“, изјави началникот на градската полиција, Герхард Пуерстл, за Ројтерс.
Се мисли на обединување на целата област на Палестина од Јордан до Медитеранот.
Откако и покрај укажувањата протестот почна, интервенираше полицијата.
Во Виена и Берлин и во многу други европски градови беа организирани собири за Израел.
Поддршка имаше и за Палестина, а очекувано еден од најголемите собири го организираа студентите од Јужноафриканската Република.
(Фото: Леонард Фогер / Ројтерс)







