Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Раст на БДП во вториот квартал
Финансии

Раст на БДП во вториот квартал

септември 7, 2021Updated:септември 7, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонската економија во вториот квартал забележа раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 13,1 процент. Ова, според надлежните, е потврда дека економската криза предизвикана од Ковид-19 одминува и економијата заздравува. Најавуваат план за заздравување и финансирање на забрзан раст, кој е комплементарен со Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.

Меѓународните финансиски институции повикуваат на масовна имунизација, како единствена можност за економско закрепнување. Препорачуваат да се обезбедат чесни правила за набавки, да се воспостави едноставна административна процедура и да се подобри деловната клима за да се привлечат нови директни инвестиции.

На Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“ што вчера и денеска се одржува во Скопје, учесниците од земјава и странство порачаа дека треба да се учиме од минатото, да дејствуваме во сегашноста и да се подготвуваме за иднината.

„Пандемијата не научи дека е неизбежно да се обединат општествата, владите и компаниите, да се адаптираат на новата реалност и да се дизајнираат политики фокусирани на градење на еднаквост, инклузивност и одржливост на економиите. Она што следи, е подобрување на инвестициската и бизнис клима, отпорност на шоковите, осврт кон зелените инвестиции и дигитализацијата, зајакнување на здравствениот и едукативниот систем како основа за човечкиот капитал, зајакнување на националните институционални капацитети и истовремено одржување на фискална консолидација“,
нагласи премиерот Заев на отворањето на конференцијата.

Растот на БДП во вториот квартал, според него, е потврда дека економијата е стабилна и ќе расте.

„Официјално е објавено од Заводот за статистика дека во вториот квартал од годинава е регистриран позотивен раст на Бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент. Ова значи дека првото пологодие од оваа година постогнавме раст на БДП од 5,6 проценти“, рече Заев.

Мерките за поддршка на населението и бизнис секторот ги дале очекуваните резултати, истакнуваат од Владата. Сочувани биле работни места, задржана била ликвидноста на компаниите, а падот на БДП минатата година би бил поголем и би изнесувал -8,7 проценти доколку не биле преземени овие мерки.

„Се дејствуваше на двете страни – и на страната на побарувачката и на страната на понудата на економијата. Годинава продолживме со два дополнителни пакета со повеќе насочени мерки и додавање развојна компонента, вклучувајќи ги компаниите кои работат добро и го зголемуваат бројот на вработени и инвестираат. Нашиот одговор беше „Што и да е потребно“ политика за борба против Ковид, заштита на животите на луѓето и спасување на економијата. Ова дојде со голема сметка во однос на буџетско салдо и јавниот долг“, напомена на конференцијата министерот за
финансии, Фатмир Бесими,

Меѓународниот фактор е задоволен од преземените мерки за време на пандемијата. Македонската економија, велат, покажа дека може да се адаптира и да успее. Сепак, препорачуваат на масовна имунизација како шанса за побрзо економско закрепнување и враќање во нормала.

„Оваа земја докажа дека има волја да ги искористи промените со кои се соочува, уште на почеток на падемијата кога немаше набавки. Текстилните компании брзо почнаа со масовно производство, произведуваа маски. Се овозможи помош на најранливите категори… Владата брзо имплементираше широк опсег на мерки кои ги заштитија работните места. Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее, да ги надмине предизвиците. Тука е волјата и енергијата, не само да се излезе посилен од кризата, туку и да се воспостават основи за економија која ќе се движи понатаму“, изјави вчера американската амбасадорка Кејт Брнз.

Еден од клучните предизвици за побрзо економско закрепнување е вакцинацијата, смета заменик-претседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, која вчера на првиот панел на конференцијата предупреди дека забавувањето на вакцинацијата, ќе го забави и економското закрепнување.

„Со вакцинацијата ќе се спасат животи, но тоа е и единствена можност за економско закрепнување“, рече Бјерде.

Во следниот период, според неа, фокус треба да се стави на зелената економија и на социјалните нееднаквости.

Подготвеност за финансиска поддршка за проекти од енергетската ефикасност е изразена и од страна на Европската инвестициска банка.

На вчерашната средба во Скопје меѓу потпретседателката на Економската инвестициска банка за Западен Балкан, Лилјана Павлова, и министерот за финансии, Фатмир Бесими, е посочено дека постои подготвеност од страна на банката за енергетската ефикасност, одржливата мобилност и дигиталните проекти на Западен Балкан и Македонија, во согласност со Економскиот и инвестициски план на Европската унија, како и во областа на справување со пожарите.

актуелно балкан банка економија ковид пандемија производ раст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.