Ратификацијата на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија денеска влегува на разгледување на две парламентарни комисии во бугарскиот парламент.
Предлог законот за ратификација најпрво ќе го разгледа комисијата за надворешна политика, а потоа комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови.
На 15. јануари македонскиот парламент со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласа предлог-законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.







