Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Реафирмација на Договорот од Преспа во Берлин како пример за регионот
Македонија

Реафирмација на Договорот од Преспа во Берлин како пример за регионот

април 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нова реафирмација за Северна Македонија и Договорот од Преспа, кои беа една од темите на вчерашниот неформален самит за Западен Балкан под водство на Ангела Меркел и Емануел Макрон, на кој присуствуваше владина делегација од нашата земја предводена од премиерот Зоран Заев.

Состанокот не беше посветен на процесот на проширување, туку на регионалната соработка и поддршката за решавање на бројните билатерални спорови во регионот.

„Фокусот не е на проширувањето, туку на политика на стабилност во регионот. Треба да работиме заедно за да придонесеме за стабилноста, тоа за Франција значи стратегија за повторно ангажирање во регионот, рече францускиот претседател.

Во контекст на надминувањето на споровите, Меркел и Макрон го посочија македонско-грчкиот пример и Преспанскиот договор како доказ дека со политичка волја е можно да се надминат споровите.

„Видовме храбри чекори за спорот за името на Северна Македонија, ова е доказ дека е можно да се најде решение за долгогодишни спорови, рече Меркел и ги поздрави грчкиот и македонскиот премиер, но и Бојко Борисов.

Макрон од своја страна, порача дека последните месеци покажаа дека напредок е можен дваесет години по војните во регионот.

„Го видовме тоа со Преспанскиот договор дека може да се решат спорови кои се чинеле нерешливи кога има посветеност, рече Макрон, кој исто така ги поздрави тројцата премиери.

Претходно премиерот Заев оствари средба со канцеларката Меркел на која  главна тема на дискусијата биле токму придобивките од Договорот од Преспа за стабилноста, соработката и мирот во регионот.

-Северна Македонија и Договорот од Преспа се позитивен пример на Балканот и тој успех е охрабрување за сите земји учеснички на Конференцијата за Западен Балкан, заеднички констатирале Заев и канцеларката Меркел при тоа двајцата ја истакнале важноста на економските придобивки што ги носи билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Грција и потенцирале дека ваквите соработки треба да се интензивираат низ целиот регион.

Премиерот Заев, според соопштението од владината прес-служба, на средбата со Меркел нагласил дека соработката, пријателството и реформите што ги спроведува земјата се сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на ЕУ за почеток на преговорите во текот на летото.

Заев на маргините на конференцијата имаше средба и со  потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, на која двајцата се согласиле дека за стабилноста на регионот и особено за придобивките на граѓаните на Северна Македонија и на Грција после Договорот од Преспа, неопходно е земјата да биде поддржана и да продолжи уште побрзо на патот кон очекуваната европска интеграција. Според Могерини, самитот во Берлин меѓу другото, има цел да ги слави придобивките за регионот од Договорот.

На средбата на која присуствувала владината делегација предводена од премиерот Заев во чиј состав беа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, бил поздравен и успешниот прв круг од демократски спроведените претседателски избори и изразени уверувања дека постојат услови и за успешност на вториот круг и за исполнување на потребниот цензус.

Инаку, една од главните точки на конференцијата во Берлин беа односите помеѓу Србија и Косово. Меркел изрази надеж дека неформалниот самит ќе помогне за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина и дека ќе поттикне регионот да се „развива заедно“.

На конференцијата за Западен Балкан во Берлин присуствуваа лидерите од регионот. Покрај премиерот Заев, дел од самито беа и Еди Рама од Албанија, Денис Звиздиќ од БиХ, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Александар Вучиќ од Србија. На средбата беа поканети и премиерите на Словенија и Хрватска, Марјан Шарец и Андреј Пленковиќ.

актуелно Договор Заев преспа реафирмација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.