Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РЕДУЦИРАН ВЛЕЗОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Забрана за негаторите на македонски народ и држава
Македонија

РЕДУЦИРАН ВЛЕЗОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Забрана за негаторите на македонски народ и држава

февруари 3, 2023Updated:февруари 3, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полициски единици веќе неколку дена се распоредени на терен низ Скопје, а и во други градови во државава. Тензично е во пресрет на утрешното чествување на раѓањето на Гоце Делчев, ден кој државните органи го сметаат за настан од висок безбедносен ризик.

Целиот владин врв повикува на смиреност околу настанот за кој бугарски националисти и радикални структури, кои го негираат постоењето на македонскиот народ и јазик, најавија дека ќе дојдат во Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги предупреди дека нема да им биде дозволен влез во земјава.

„Сите оние кое не се добронамерни, кои се провокатори, кои го негираат македонски народ и држава, тие нема да влезат во државава. Сакам да апелирам дека сите треба да бидеме обединети, горди и заедно да покажеме почит на великанот на македонската револуционерна борба“, рече Ковачевси.

Министерството за внатрешни работи уверува дека полицијата ќе ги преземе сите мерки за одбележувањето да помне во најдобар ред.

„Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого. Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме“, се вели во апелот на министерот Оливер Спасовски.

Интерес на сите, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи, е да нема инциденти.

„Да не дозволиме провокатори и киднапери да ни ја одземат европската иднина или да го влошат имиџот што го изградивме како држава. Ова е во интерес на сите граѓани и на заедничкиот напредок.“

На чествувањето, покрај државно-владиниот врв, ќе оди и делегација на опозицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на утрешната манифестација и повикуваме на достоинствено и мирно чествување“, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонскиот полициски синдикат побара од своето членство „да не се става во функција на политички партии и други групации заради вршење на кривични дела и прекршоци“.

На смирување на тензиите меѓу Скопје и Софија, кои ескалираа во изминатиот период, повика и клубот за бугарско-македонско пријателство кој очекува двете земји да не дозволат инцидентите и провокациите да ги оддалечат меѓусебните односи од политичките рамки зададени со Договорот за добрососедство и со „францускиот предлог“.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: Гласот на Америка)

актуелно бугарија Бујар Османи вмро-дпмне Гоце Делчев димитар ковачевски македонија Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.