Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Резервите на нафта ќе се намалуваат, а цената на барелот ќе расте
Анализи

Резервите на нафта ќе се намалуваат, а цената на барелот ќе расте

август 22, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во јануари оваа година земјите извознички на нафта на иницијатива на ОПЕК и под водство на Саудиска Арабија почнаа со примена на спогодбата за намалување на производството на сурова нафта во износ од 1,8 милиони барели дневно.

Во договор учествувале членките на ОПЕК (со исклучок на Либија и Нигерија) и 11 земји кои не се членки на ОПЕК, меѓу кои и најзначајниот производител Русија.

Ова е прв договор за намалување на производството после 2008 година. Траењето на договорот првично било предвидено на шест месеци. Со намалувањето на високите резерви на нафта се настојува да се влијае на размерно ниските цени на оваа суровина која во државите членки – поддржувачи на договорот, претставува значителен износ на приходи. Во јануари кога договорот почна да се спроведува цената на нафтата од типот Брент изнесуваше околу 55 долари за барел.

Во април, три месеци потоа, беше очигледно дека спогодбата нема да ги постигне очекуваните резултати за шест месеци. И покрај напорите на ОПЕК и останатите земји вклучени во спогодбата, цената на нафтата забележа благ пад во однос на цената од јануари и покрај загриженоста на инвеститорите околу доследноста на спроведувањето на договорот и растечкото производство од шкрилци во САД (иако таа е само дури пет отсто од светското производство на сурова нафта). Затоа ОПЕК најави продолжение на спогодбата до крајот на првото тромесечје во 2018 година.

Во изминатите триесет дена цената на суровата нафта од типот Брент со испорака за еден месец се движеше меѓу 48 и 52,7 долари за барел, додека во изминатата недела таа разлика беше меѓу 50,7 и 52,7 долари за барел.

Задржување на цената на околу 50 долари за барел веројатно е последица од бавниот пад на резервите од предвиденото со оглед на тоа дека производството на нафта од шкрилци во САД, како и производството на нафта во Либија и Нигерија, продолжува да расте додека стапките од имплементацијата на спогодбата на ОПЕК се намалуваат.

Производството на нафта во Либија и Нигерија кои се исклучени од спогодбата, се зголеми во изминатите неколку месеци, за околу 700 илјади барели дневно.

Според последните податоци на Светската енергетска агенција (ИЕА) стапката на имплементација на договорот меѓу земјите членки на ОПЕК во јули падна на 75 отсто (од нивото од 77% во јуни), додека стапката на имплементација кај останатите држави изнесуваше 67 отсто.

Со оглед на солидната реализација на договорот во првите шест месеци, вкупната стапка на реализација за сите вклучени земји од почетокот на годината до денес изнесува 87 отсто. Бидејќи вкупното намалување на производството беше значително помало од планираните 1,8 милиони барели дневно, и падот на резервите на нафта беше побавен од планираниот.

Од друга страна, во текот на второто тримесечје вкупните светски резерви на нафта паѓаа во просек за 0,5 милиони барели дневно, со продолжување на истиот тренд и во јули.

Влијанието на падот на резервите доаѓа и од растечката побарувачка. Дневната побарувачка за нафта во периодот од март до јуни беше 1,8 милиони барели поголема во однос на истиот период минатата година.

Иако стапката на спроведување на договорот за производство на нафта веројатно ќе има тенденција на намалување, растечката побарувачка на глобално ниво ќе го поддржува понатамошниот пад на резервите на сурова нафта во рамки на повеќегодишниот просек.

Аналитичарите очекуваат дека до крајот на годината ќе има раст на цената на нафтата од типот Брент, на 58 долари за барел, додека за цената на нафтата од типот ВТИ сметаат дека таа ќе стаса до 56 долари за барел.

Со претпоставка дека ќе продолжи намалувањето на резервите на нафта со досегашната динамика од спогодбата за намалување на производството во земјите членки на ОПЕК и останатите држави, договорот не би требало да се продолжи после март 2018 година.

актуелно барел Договор нафта ОПЕК резерви Саудиска Арабика
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.