Производителот на автомобили, американската компанија „Форд’“ ја зголеми продажбата за 17 отсто, на 44 милијарди долари, во последниот квартал од минатата година, делумно надминувајќи ги очекувањата.
„Минатата година требаше да бидеме многу подобри.
Оставивме околу 2 милијарди долари профит на маса на која можевме да влијаеме, а тоа ќе го поправиме со подобро извршување и перформанси“, рече претседателот и извршен директор на „Форд“, Џим Фарли.
„Форд“ за загубата ги обвини посебните ставки, како што е уновчувањето на уделот во слабиот производител на електрични автомобили „Ривиан“ и напуштањето на проектот за роботски автомобили „Арго Ал“ што го започна со „Фолксваген“ во 2019 година.
„Форд“ го зголеми годишниот приход за 16 отсто, на 158,1 милијарди долари.
Како и ривалите, како што е, на пример, „Џенерал Моторс“, „Форд“ многу инвестираше во електрични возила, воведувајќи верзии на најпродавани автомобили со нулта емисија на штетни гасови, како што е камионетот од серијата „Ф“.
Компанијата своите стари автомобили со внатрешно согорување ги во одделот „Форд Блу“.
Производителот очекува прилагодена заработка, пред каматите и даноците, меѓу 9 и 11 милијарди долари за оваа година, во споредба со 10,4 милијарди долари минатата година.
Акциите на „Форд“ пораснаа за 3,84 отсто до крајот на редовното тргување вчера и паднаа за 6,42 отсто, на 13,40 долари, во продолженото тргување.







