Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Во Фокусот

Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче

март 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кандидатот на албанската опозиција за престојните претседателски избори Блерим Река ќе биде прв на избирачкото ливче, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и
коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, а трет е кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

Во Државната изборна комисија денеска беше спроведено жребувањето за редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче. Бројчињата ги влечеа претставниците на нивните изборни штабови, кои исто така, како што најави претседателот на ДИК Оливер Дерковски, ќе потпишат и Кодекс за коректно однесување на престојните избори со цел да има коректен натпревар меѓу сите
учесници.

Членот на ДИК, Борис Кондарко упати апел до кандидатите да се придржуваат кон членот 68 од Изборниот законик, во кој е детално дефинирано што се се подразбира по кампања, од која тие треба да се воздржуваат до нејзиниот официјален почеток, на 1 април.

Посочи дека секој со сопствен пример може да даде придонес за успешни избори, но и сликата за изборниот процес да биде позитивна.

„Севкупната слика за изборниот процес и за нашата држава зависи од тоа како ќе се спроведат овие избори, затоа ги повикуваме сите, но пред се кандидатите за претседател во овој период пред почетокот на кампањата но и за време на кампањата, строго да се придржуваат, да бидат одговорни и сериозно да се однесуваат кон сите пропишани правила во Изборниот законик, што се однесуваат на предвремено почнување на кампањата, рече Кондарко.

Повика и побара коректна, чиста позитивна европска кампања, бидејќи, како што рече, тоа е во интерес на сите, пред се на кандидатите, на нивниот интегритет, во интерес на политичките партии, во интерес на ДИК, и во интерес на целата држава.

„Нема потреба поради определени непромислени постапки и изјави ние како ДИК да се ставаме во улога на судија и да одлучуваме по некакви приговори, подвлече Кондарко.

Претседателот на ДИК, Дерковски потсети дека вчера комисијата донела заклучок за потврдување на кандидатите кои ќе учествуваат на изборите, откако беше утврдена регуларноста на нивните кандидатури и нагласи оти тоа значи дека тие и официјално се во изборната трка.

Дарко Каевски, претставник на СДСМ и на коалицијата за кандидатот Стево Пендаровски, по утврдувањето на редоследот на претседателските кандидати, изјави кампањата што ќе ја водат ќе биде европска и оти од денеска па се до 1 април, кога е официјалниот почеток, ќе се воздржуваат од кампања и од јавни настапи и ќе ги почитуваат сите законски прописи.

„Очекуваме фер, европска кампања во духот на европските вредности и убеден сум дека таква кампања ние како СДСМ и 31 партија што го поддржаа нашиот натпартиски кандидат Стево Пендаровски дека заеднички ќе водиме европска кампања, што ќе биде во духот на европските вредности, рече Каевски, додавајќи оти иста кампања
очекуваат и од противкандидатите.

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, претставник на кандидатката Гордана Силјановска Давкова, рече дека веќе прекинале со сите активности што не смеат да бидат емитувани и реализирани, како на терен, така и медиумски на социјалните мрежи.

Истакна дека очекува фер и демократска кампања од страна на власта, бидејќи според него, на референдумското гласање немало таква кампања.

„ВМРО-ДПМНЕ максимално ќе се залага за европска, фер и демократска кампања и ќе ги следи сите норми и начела што се припишани од страна на изборната комисија во однос на фер и демократски избори, рече Арсовски.

Рамадан Реџепи, портпаролот на кандидатот Блерим Река, истакна дека за нив бројот еден претставува дека се борат за една република за сите, и една европска мултиетничка држава.

„Ние се надеваме на фер и пред се мирни избори, европски избори.

Ние веќе видовме на социјалните медиуми дека се прави некаква кампања. Се придржуваме кон тоа да ја почнеме кампањата од 1 април, истакна Реџепи.

В понеделник во ДИК ќе се спроведе жребувањето за редоследот на кандидатите за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар.

актуелно пендаровски трет река прв солјановска втора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.