Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Рекордна излезност на предвременото гласање за претседател на САД
СВЕТ

Рекордна излезност на предвременото гласање за претседател на САД

ноември 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Повеќе од 95 милиони Американци досега гласаа на претседателските избори во 2020 година, според податоците на Универзитетот на Флорида, што е најголем од одзив на предвременото (рано) гласање во модерната ера во САД.

Само еден ден пред изборите, веќе гласаа 69 проценти од вкупниот број гласачи во 2016 година.

Исклучително големиот број гласови испратени по пошта и рано лично

гласање беа поттикнати од пандемијата на коронавирусот, од кој досега починаа повеќе од 230.000 луѓе во САД.

Според анкетата спроведена од Ројтерс и Ипсос од 27 до 29 октомври, кандидатот на демократите за претседател на САД, Џо Бајден, води во однос на сегашниот претседател, Доналд Трамп, со 51 наспроти 43 проценти.

Но, резултатот е сè уште неизвесен во државите што одлучуваат за избори преку Изборниот колеџ, вклучувајќи ги Аризона, Флорида и Северна Каролина.

Голем број приврзаници на Трамп се очекува да гласаат лично, на денот на изборите, откако тој изрази сомнеж за гласање по пошта.

Во пресрет на изборите, Трамп ќе одржи пет митинзи во Северна Каролина, Пенсилванија, Висконсин и Мичиген.

Џо Бајден ќе ги посети Пенсилванија и Охајо.

Иако Бајден води во анкетите, трката во т.н. колебливи држави (каде е неизвесно за кого ќе се гласа) е тесна, па Трамп би можел да освои 270 електорски гласови потребни за победа.

Речиси 138 милиони Американци излегоа на гласање во 2016 година, но победата на Трамп беше обезбедена со нешто повеќе од 80.000 гласови во Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.

Секоја држава делегира во Изборниот колеџ онолку електори колку што и припаѓа, пропорционално на бројот на жители.

Вкупно има 538 електори, што е бројка која одговара на бројот на конгресмени и
сенатори во американскиот парламент.

Калифорнија е најнаселена американска држава и има најмногу електори (55), следена од Тексас (38), Њујорк и Флорида (по 29).

На другиот крај на спектарот, ретко населените држави како Алјаска, Вермонт, Делавер, Вајоминг или Монтана имаат само по тројца електори.

Кандидатот кој ќе освои 270 електори, односно апсолутно мнозинство од 538, победува на изборите.

Со два исклучоци, во федералните држави владее принципот „победникот носи сè“–кандидатот што ќе освои мнозинство гласови во таа земја, дури и со најмала можна разлика, ги освојува сите нејзини електори.

(Исклучоци се Небраска и Мејн, кои ги делат електорските гласови пропорционално на бројот на освоени гласови.)

И демократите и републиканците имаат сојузни држави кои се нивни традиционални упоришта и кои практично не можат да ги загубат.

Ова се таканаречените „сигурни“ држави. Резултатите од изборите од тие држави познати однапред, или барем така беше до неодамна.

Затоа, неизвесноста во суштина се сведува на т.н свинг држави, т.е. „неодлучни“ држави во кои не се знае кој може да победи.

актуелно гласање излезност претседателски избори САД
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.