„Досега опозициската косовска партија Движење самоопределување (ВВ), на чие чело е поранешниот премиер Албин Курти, на вчерашните вонредни парламентарни избори ја постигна досега најубедливата победа во историјата на независно Косово. Партијата која на избори учествува од 2010 година, освои повеќе гласови од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) во времето на првиот претседател на повоено Косово, Ибрахим Ругова“, пишува порталот „Коха.нет“.
Додека ЛДК на Ругова, кој во косовската јавност се нарекува „историски претседател“, на изборите во 2001 освои 45,7, а на оние во 2004 година 45,42 отсто, ВВ на вчерашните избори, според прелиминарните резултати, освои околу 48 отсто од гласовите, наведува порталот на медиумската групација „Коха“.
Во коалиција со партијата на Курти на овие избори беше независната листа на досегашната собраниска спикерка и вршителката на должноста претседател на државата, Вјоса Османи, која се одметна од матичната ЛДК откако таа партија минатата година ја презеде власта во земјата на тој начин што го урна кабинетот на Курти.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, опонентите на Самоопределување, досега владејачката ЛДК, Демократската партија на Косово (ПДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК), кои во минатото беа најчесто носители на власта во земјата, на овие избори забележаа досега најслаби резултати од нивното постоење. Трите овие партии на косовсите Албанци кои обезбедија пратенички места во идното Собрание на Косово заедно освоија помалку од ВВ.
ЛДК, чија листа ја предводеше досегашниот премиер Авдулах Хоти, според досега обработените нешто повеќе од 91 отсто гласови, освои само околу 13,4 отсто–дури двојно помалку одошто на претходните избори во октомври 2019 година, кога на чело на изборната листа на ЛДК беше Вјоса Османи.
ПДК, партијата основана од доскорешниот претседател на државата Хашим Тачи и доскоро водена од Кадри Весели, обајцата некогашни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) кои од пред неколкум месеци се наоѓаат во Хаг, каде што е започнат судскиот процес од меѓународниот суд за воени злосторства во војната од 1998-99 година во Косово, освои нешто повеќе од 17 отсто гласови. Оваа партија на овие избори ја водеше вршителот на должноста партиски претседател, некогашниот министер за надворешни работи, Енвер Хоџај.
ААК на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, според досега преброените гласови, има поддршка од помалку од осум отсто од






