Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РЕКОРДНО НИСКО НИВО: Кина пред историски демографски пресврт
СВЕТ

РЕКОРДНО НИСКО НИВО: Кина пред историски демографски пресврт

јануари 13, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Животот под строгите кинески ограничувања против Ковид-19 во изминатите три години, предизвика кај Жанг Џи доволно стрес и несигурност да размислува да се откаже од раѓањето деца.

„Кога Кина нагло го укина режимот на ‘нулта стапка’ за ковид минатиот месец и дозволи вирусот слободно да се шири, превагна дефинитивно ‘НЕ’, рече извршната директорка за интернетска трговија од Шангај.

Приказните за тоа дека мајките со деца кои не можат да дојдат до лекар во медицинските установи преплавени од луѓе заразени со Ковид беа последната капка која ја прели чашата.

„Слушнав дека е навистина страшно да се пораѓаш во јавна болница. Навистина не сакам да размислувам за тоа да имам бебе“, изјавила 31-годишната девојка.

Приказот на лузните што пандемијата ги остави на и онака мрачната демографска перспектива на Кина може да излезе на виделина на 17 јануари, кога земјата ќе ги објави официјалните бројки за населението за 2022 година.

Некои демографи очекуваат дека кинеското население во 2022 година ќе го забележи својот прв пад после Големата глад во 1961 година, длабока промена со далекусежни последици за глобалната економија и светскиот поредок.

Бројот на новороденчиња за 2022 година треба да падне на рекордно ниско ниво, под 10 милиони од минатогодишните 10,6 милиони бебиња – што е веќе 11,5 отсто помалку од 2020 година.

„Со овој историски пресврт, Кина влезе во долг и неповратен процес на намалување на населението, за прв пат во кинеската и светската историја“, вели Ванг Фенг, професор по социологија на Универзитетот во Калифорнија.

„За помалку од 80 години, бројот на населението на Кина би можело да се намали за 45 отсто. Тогаш тоа ќе биде Кина која светот нема да ја препознае“, смета Фенг

Вкупното население на Кина се зголеми за 480.000, на 1,4126 милијарди, во 2021 година.

Обединетите нации предвидуваат дека бројот на населението во Кина ќе почне да се намалува оваа година, кога Индија ќе го преземе местото за најмногубројна земја во светот.

Експертите на ОН предвидуваат намалување на кинеската популација за 109 милиони до 2050 година, што е повеќе од тројно во однос на нивната претходна прогноза од 2019 година.

Додека девет од 10-те најмногубројни по население земји во светот доживуваат пад на фертилитетот, стапката на плодност во Кина од 1,18 во 2022 година беше најниска и значително под стандардот на ОЕЦД од 2,1 за стабилно население.

Земјата, која наметна политика на едно дете од 1980 до 2015 година, официјално призна дека е на работ на демографски пад минатата година, кога Националната здравствена комисија соопшти дека населението може да почне да се намалува пред 2025 година.

Во октомври, претседателот Си Џинпинг рече дека владата ќе донесе дополнителни политики за зголемување на стапката на наталитет во земјата.

Од 2021 година, властите воведоа мерки кои вклучуваат даночни олеснувања, подолго породилно отсуство, подобрено здравствено осигурување и субвенции за домување за да ги охрабрат луѓето да имаат повеќе деца. Влијанието на овие мерки досега беше слабо.

Онлајн пребарувањето за колички за бебиња на кинескиот „Баиду“ падна за 17 отсто во 2022 година и за 41 отсто од 2018 година, додека пребарувањето за шишиња за бебиња се намали за повеќе од една третина од 2018 година. Наспроти тоа, пребарувањата за домови за стари лица се зголемија за осум пати минатата година.

Обратно се случува во Индија, каде што потрагата на Гугл по шишиња за бебиња покажува зголемување од 15 проценти во 2022 година, на годишно ниво, додека пребарувањето за бебешки креветчиња порасна речиси пет пати.

Финансискиот товар за образованието на децата, некои од најстресните приемни испити на факултет во светот и уписот во градинка за само околу 5,5 отсто од децата помлади од 3 години – далеку под просекот на ОЕЦД – се клучни фактори кои влијаат на стапките на плодност, било констатирано од страна на експертите, овој месец.

Економското влијание на општеството кое старее ќе биде, исто така, значајно.

Демографот Ји Фуксијан очекува процентот на оние на возраст од 65 години и повеќе да достигне 37 отсто во 2050 година, во споредба со 14 отсто минатата година и 5 отсто во 1980 година.

Нејзината работна сила нема да се надополнува со иста стапка поради падот на наталитетот.

„Брзото стареење ја забавува кинеската економија, ги намалува приходите и го зголемува националниот долг… Кина старее пред да се збогати“, истакнува тој.

Марфи, 22-годишна студентка на Универзитетот за комуникации во Пекинг, вели дека нема да може да си дозволи дете поради бавната економија.

„Затворањето“, локдаунот, минатата година ја забави економијата на една од најниските стапки на раст во речиси половина век.

„Пандемијата го зацврсти моето мислење“, рече Марфи, која сакаше да го каже само своето име.

„Дури и да можам да излезам на крај со моите трошоци за живот, зошто би сакала да имам деца?“, праша таа.

актуелно бебе економија индија Кина ковид корона наталитет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.