Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ременски очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа
Судски процеси

Ременски очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа

декември 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеничката Фросина Ременски денеска по давањето исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „Меѓународен сојуз“ рече дека добила решение дека истрагата за неа е завршена и оти очекува Обвинителството да ја запре постапката против неа.

„Денеска дадовме одговори и појаснувања за прашања кои што можеби биле причина за отворање на истрагата. Секако ги расчистивме сите прашања кои се во тој контекст како дилема на Јавното обвинителство. Сметаме дека врз основа и на исказите и врз основа на прибраните докази Јавното обвинителство ќе цени да ја запре постапката кон мене во овој случај“, рече Ременски.

Таа потврди дека добила решение за завршена истрага кон неа и дека ќе ги искористат сите законски права до конечната одлука на Јавното обвинителство.

Ременски по исказот во Обвинителството кажа дека јавноста треба да се позанимава со дејствијата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски, за тоа што тој преземал по службена должност околу пријавувањето на дејствијата од страна на фамилијата Камчеви.

„Која е улогата на поранешниот директор на УБК Горан Николовски во делот на пријавувањето на дејствијата од семејството Камчеви? Што преземал како службени дејствија? Дали ако нешто превзел, ќе си дозволеа министерот за внатрешни работи и премиерот во март месец да присуствуваат на прославата на телевизијата и да даваат видео честитка“, рече Ременски и додаде дали е можеби тоа прашање за некаква корупција имајќи предвид дека е потстанар кај адвокатот на семејството Камчеви.

Очекував, истакна Ременски, овие сериозни прашања да бидат повеќе истражени од медиумите и на јавноста да и биде поподатливо за што се работи.

„Кога професор по безбедност ќе стане таргет на параполициски структури, кога ќе стане таргет во една разузнавачко и параполициска ситуација и кога ќе се најде во ваков апсурд пред надлежните институции да се правда за нешто дали сторил или не, додека на сите останати на кои професорката им го открила криминалот ќе се трудат тој воопшто да не биде дознаен во јавноста“, рече Ременски.

Ременски вчера по излегувањето од Обвинителството, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за овој случај, рече дека видела сè, освен докази. Таа додаде дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.

На распит кај обвинителката Вилма Рускоска вчера во врска со сомненијата за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“ беше потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ.

Овој дел на истрагата, која Обвинителството ја отвори на 9-ти октомври против пет лица, се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.

Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дошол до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 до април 2018 година, првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

Во овој случај осомничени се и Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и неговата асистентката Христина Блажевска.

актуелно обвинителство постапка ременски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.