Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РКЕ: Неточни и неосновани тврдењата дека поскапувањето на струјата ќе ја зголеми цената на останатите производи
Економија

РКЕ: Неточни и неосновани тврдењата дека поскапувањето на струјата ќе ја зголеми цената на останатите производи

август 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната енергија ќе ги зголеми цените на производите.

Од РКЕ денеска повторија дека одлуката од 31-ви минатата недела за
поскапување на струјата за 7,4 проценти се однесува само за регулираниот пазар на електрична енергија.

„Најголем дел од индустриските и комерцијалните потрошувачи сами набавуваат електрична енергија на слободниот пазар по цени коишто не ги определува Регулаторната комисија за енергетика. Цената на електричната енергија на слободниот пазар во Северна Македонија во 2020 година е пониска за приближно девет проценти во однос на 2019
година, што значи дека и трошокот за електрична енергија на индустриските и комерцијалните потрошувачи во 2020 ќе биде помал во однос на 2019. Во наредниот период индустријата ќе има пониски трошоци за електрична енергија во споредба со 2019 година и тоа позитивно ќе влијае врз нејзиното работење во овие кризни времиња“, вели во пишана изјава Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Од РКЕ велат дека со одлуките од 31 минатиот месец преку фактори на корекција на МЕПСО му го намалил приходот за 2020 година за 13,25 милиони евра, додека на ЕВН ХОМЕ за 4,5 милиони евра, поради тоа што овие компании во 2019 година оствариле поголем приход од одобрениот.

Во однос на методологијата и трошоците кои се признаваат, Регулаторната комисија наведува дека има влијание на околу 40 процент од вкупно прикажаните трошоци, додека на 60 проценти од трошоците нема влијание.

Трошоци кои не се предмет на регулација, потсетува РКЕ, се:

1.Трошок за купување електрична енергија од ЕСМ. Регулаторната комисија за енергетика согласно Законот за енергетика од 2019 година повеќе не ја определува цената на ЕСМ, туку оваа компанија со своја цена настапува на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ. Во 2019 година цената по која ЕСМ обезбедуваше електрична енергија за домаќинствата изнесуваше 2,1218 ден/kWh, додека во 2020 година изнесува 2,3496 ден/kWh, односно е повисока за 10,74 проценти. Цената на ЕСМ во 2020 година е пониска од цената на ЕСМ за 2017 година за 7 проценти.

2.Трошок за купување на електрична енергија од повластени производители, кој е утврден и гарантиран со Законот за енергетика уште од 2009 година.

3. Маржата на универзалниот снабдувач, во износ од 11,5 проценти, определена на тендер распишан од Владата и утврден за период од 5 години, до јули 2024 година. Со маржата се покриваат сите оперативни трошоци, но и ненаплатените побарувања на универзалниот снабдувач. Процентот на наплата кај домаќинствата изнесува 90 проценти.

„Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената за дистрибуција на електрична енергија за домаќинствата е намалена за 0,38 проценти“, се вели во соопштението од РКЕ.

По одлуката на РКЕ за новата цена на струјата уследија реакции и најави за протести од граѓански здруженија и синдикати.

актуелно рке
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.