Врховниот суд на Романија го осуди денеска Ливиу Драганеа, лидер на владејачката Социјалдемократска партија, на три години и шест месеци затвор, без право на помилување, поради поттикнување на други на злоупотреба на власта.
Пресудата сеуште не е конечна.
Се очекува Драганеа, кој се смета за најмоќна политичка фигура во државата, ќе вложи жалба на оваа пресуда, пренесуваат романски медиуми.
Драганеа, кој е и претседател на долниот дом на парламентот, беше обвинет за фиктивни вработувања. Тој држел две жени на платен список во државна агенција од 2006 до 2013 година, иако тие биле вработени во неговата партија.
Врховниот суд во овој случај осуди уште девет лица на затворски казни.
Драганеа, кој во тоа време бил шеф на јужниот романски округ Телеорман, ги негира обвинувањата.
Бидејќи веќе бил осуден за изборни манипулации, Драганеа не може да биде премиер. Но, сепак, според медиумите, тој од сенка раководи со владата.
Драганеа, денеска, беше ослободен од обвинение за фалсификување на интелектуална сопственост.







